Приказната на Хелиос Медикал започнува во јуни 2013 година како директно застапништво и маркетинг претставништво на производите на компанијата GelitaGMBH, Германија за Македонија и Косово, со преддоговор и за Р.Србија и Р.Албанија.

GelitaGMBH, Германија е најголемиот светски производител и лидер на пазарот на биоактивните колагенски пептиди кои што на медицинскиот и фармацевтскиот пазар добија своја верификација со студиите на Tufts Medical Center на Универзитетот во Харвард, САД како единствен додаток кој врши стимулација на хондроцитот на рскавичното ткиво да продуцира ендоген, колаген и протеогликани во рскавичното ткиво.

Исто така во областа на дерматовенерологијата и козметологијата е застапник на производот QYRA како уникатен производ за ендогена стимулација на колаген за прв пат на ендогена основа, што е целосна новина во дерматовенерологијата и козметологијата.

Исто така овие колагенски пептиди добија и своја верификација преку Олимпискиот тим на САД со мега студија на Penn State универзитетот за истата проблематика како и со мега студиите на GelitaGMBH, Германија, на Collagen Reaserch Medical Center во Кил Германија.

Компанијата исто така е застапник и на реномираната Француска компанија LCA pharmaceuticals позната во светот по интра-артикуларните хијалуронски инјекции Artrum, со единствена уникатна концентрација од 2% од 40 мг и 2,5% 75 мг. Компанијата LCA pharmaceuticals исто така е лидер во медицинската козметологија со интрадермалните филери од хијалурон и е водечки лидер на светско ниво во оваа област.

Останати области на делување и се офталмологијата и хирургијата. Хелиос Медикал како компанија претставништво е застапник и на водечката светска компанија од областа на нутритивната фармација Dopellherz Flensburg Germanija. На тој начин Хелиос Медикал претставува исклучител и врвен претставник на најврвните компании во светот од оваа област. Исто така сакаме овде и јавно да се заблагодариме на Дарко Станиќ, Столе Стојмановски, Јовица Вртевски, Емилијан Новески, Доминик Јамернег и Харис Јаноупулос и Димче Павлески за моралната и апликативна поддршка која ја дадоа во формирањето на Хелиос Медикал.

Успешниот почеток на Хелиос Медикал ни дава поттик со знаење, со труд и со следење на светските трендови и нивно имплементирање во регионот, да опстанеме како една од водечките компании на нашиот фармацевтски пазар.




Copyright © Helios Medical 2015. All rights reserved